GRUNDIG ТВ РЕГИСТРАЦИЈА ЗА ПРОДОЛЖЕНА ГАРАНЦИЈА ОД ДОПОЛНИТЕЛНИ 3 ГОДИНИ, НА РЕДОВНАТА ГАРАНЦИЈА ОД 2 ГОДИНИ

Честитки за изборот на Grundig Android UHD. Ние стоиме зад квалитетот на нашите производи, затоа Ви нудиме продолжена гаранција од 3 години на Android UHD моделите.

Продолжената гаранција од дополнителни 3 години, започнува да важи по истекот на периодот од 2 години на редовната гаранција на Android UHD моделите, при што вкупниот период на гаранција за производите ќе изнесува 5 години гаранција.

За купување на Grundig Android UHD телевизор во периодот од 01.02.2024. година до 30.04.2024. година. Регистрирајте се на https://grundig5.com/mk/registration најдоцна до 15.05.2024. година.

Ако имате какви било прашања или двоумења околу регистрацијата, пишете ни на info-mk@grundig5.com и ние ќе ви одговориме што е можно поскоро.

Внимателно пополнете ги следниве полиња:

ИМЕ НА МОДЕЛОТ*:


Ве молиме внесете ги вашите податоци за извршеното купување:

За да ја завршите регистрацијата, ве молиме потврдете:

СЛЕДЕТЕ ГИ ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ГАРАНЦИЈА

* = задолжителни полиња


УСЛОВИ И ПРАВИЛА НА ПРОДОЛЖЕНАТА ГАРАНЦИЈА

1. Продолжената гаранција се однесува само на следните модели на Grundig TV:
43 GFU 7800B GRUNDIG, 43 GGU 7950A GRUNDIG, 43 GHU 7800 B GRUNDIG, 43 GHU 7970 B GRUNDIG, 50 GFU 7800B GRUNDIG, 50 GGU 7950A GRUNDIG, 50 GHU 7800 B GRUNDIG, 50 GHU 7970 B GRUNDIG, 50 GHU 8590 GRUNDIG, 55 GFU 7800B GRUNDIG, 55 GGU 7950A GRUNDIG, 55 GHQ 8990, 55 GHU 7800 B GRUNDIG, 55 GHU 7970 B GRUNDIG, 55 GHU 8590 GRUNDIG, 55 OLED GH950, 65 GHQ 8990, 65 GHU 7800 B GRUNDIG, 65 GHU 7970 B GRUNDIG, 65 GHU 8590 GRUNDIG, 65 OLED GH950, 75 GHU 7800 B GRUNDIG, 75 GHU 7970 B GRUNDIG,

2. Продолжената гаранција важи само за купување на Grundig TV моделите од точка 1, купени во периодот од 01.02.2024. година до 30.04.2024. година. Производите мора да бидат регистрирани преку веб страната https://grundig5.com/mk/registration најдоцна до 15.05.2024. година.

3. Оваа продолжена гаранција се однесува само на производи купени на територијата на Република Македонија.

4. Изјавата за гаранција на продолжена гаранција ќе се смета за неважечка ако се утврди дека не е комплетна ако е изменета и / или содржи неточни податоци внесени при регистрацијата на производите.

5. При поднесување на барање за поправка за време на гаранцијата, како дел од продолжената гаранција, треба да се достави следново:

  • оригинален гарантен лист
  • оригинал или копија од фискалната сметка

6. Нашата одлука за сите прашања кои се однесуваат на жалбите поврзани со дефекти во изработката или материјали кои биле користени за време на продолжената гаранција ќе биде конечна и обврзувачка и купувачот се согласува да ги почитува овие одлуки. Сите неисправни делови што се заменети во рамките на продолжената гаранција ќе станат сопственост на Grundig.

7. Условите за продолжена гаранција напишани во оваа изјава се во согласност со редовните гарантни услови на Grundig, опишани во стандардната гаранција. Пред секоја постапка, потребно е да ги прочитате стандардните гарантни услови.

8. Оваа продолжена гаранција се издава во согласност со законите на Република Македонија и е во согласност со позитивната деловна практика на брендот Grundig.

9. За време на продолжениот гарантен период, корисникот има право да го замени производот само ако апаратот не може да се поправи.

10. За време на продолжениот гарантен рок, рокот за периодот на поправка не е дефиниран со закон и може да биде подолг од 30 дена.

11. Оваа продолжена гаранција е предмет на следниве ограничувања и исклучувања:

  • дефект или штета предизвикана од виша сила, оган, граѓански нереди и / или несреќи
  • дефекти предизвикани од употреба на погрешен напон на електрична струја и / или последователна штета од небрежност и / или злоупотреба
  • Употреба на уредот која што не е во согласност со инструкциите за употреба
  • поправки извршени од неовластени лица и / или не правилни монтажи кои не ги исполнуваат барањата од упатството за користење
  • производи кои се користат во комерцијални или надвор од населени места.



Copyright © 2024. www.grundig5.com